еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бранка Славеска е нов генерален директор на „Тиквеш“

Од винарската визба „Тиквеш„ преку Македонската берза информираат дека од 1. јануари 2024 година функцијата генерален директор на „Тиквеш“ ќе ја преземе Бранка Славеска.

-Бранка Славеска има 25-годишно професионално искуство во индустријата за пијалаци работејќи за реномирани домашни и мултинационални компании.

Како искусен менаџер, Бранка Славеска има постигнато одлични резултати во својата работа, успешно раководејќи тимови и процеси и унапредувајќи ги деловните перформанси и влијанието во доменот на ЕСГ стандардите.

Преку нејзиниот ангажман, компаниите за кои работела постигнале развој и раст на нови пазари во различни региони на меѓународно ниво, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радош Вукиќевиќ не е повеќе генерален директор на Тиквеш

(Фото) Нов мултифункционален деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци

Фото: Тиквеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основец од Крива Паланка на училиште дошол со нож

Редакција

МВР ја пронајде 14-годишната Ринеса, по која се трагаше три дена

Редакција

Kовид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, велат од СЗО

Редакција