еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која друга компанија освен “Сајтрокс“ е на црната листа на САД, а е поврзана со Македонија

Поради шпионски софтвер за следење, македонската компанија “Сајтрокс“, САД ја ставија на црната листа.

Таа заврши на листата заедно со уште три меѓусебно поврзани компании од Грција, Унгарија и Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која САД ја стави на црната листа

Која друга компанија поврзана со Македонија е на црната листа?

На црната листа на САД минатата година заврши и компанијата на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, која тој ја отвори во Унгарија, каде по бегството доби политички азил.

Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD, која што е отворена во 2021 година.

И самиот Груевски е на црната листа, а во образложението на Владата на САД се наведува дека се одлучила на ваков чекор како одговор на неговата вмешаност во значителна корупција. Според САД, неговите постапки го поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја нарушиле довербата на јавноста во Владата.

Забрана за патување во САД освен за Груевски, има и за неговото семејство.

Груевски е обвинет во повеќе предмети отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство, а за некои веќе му е изречена затворска казна.

Груевски побегна во Унгарија во ноември 2018 година.

Со што се занимава компанијата

Компанијата на Груевски е регистрирана на 14 јули 2021 година, на адреса на куќа во малото гратче Пецел, кое се наоѓа на околу 20 километри од Будимпешта.

Главниот фокус на компанијата се деловни консултации, но исто така е лиценцирана и за трговија на големо со порцелан, стакларија и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалоци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавноста и комуникација.

За регистрацијата на компанијата Груевски платил 8.350 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се освен Камчев од Македонија е на црната листа на САД

(Фото) И Орце Камчев заврши на црната листа на САД

(Фото) Македонската компанија „Сајтрокс“ ставена на црната листа на САД

Фото: Унсплеш/Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Фамилијарна новогодишна честитка од министерот Бектеши

Редакција

Вчера изгаснати 32 пожари, активни се два

Редакција

Омилениот бренд за аксесоари поблиску до Вас: Отворање на нови продавници Parfois во Тетово и Битола

Редакција