еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов домашен бренд на природен сок од калинка: Семејната компанија Органик Нар од Богданци започна со производство на Art Juice

Семејната компанија Органик Нар од Богданци започна со производство и продажба на Art Juice – нов бренд на природен сок од калинка. Art Juice се произведува од најубавите домашни калинки одгледани во чистата средина на топлиот југ, информираат од компанијата.

Сокот e добиен исклучиво од зрната на калинката, кои во процесот на производство се двојат од кората и од останатите делови на плодот. Првите количини се наменети за домашниот пазар, но компанијата планира Art Juice да се извезува и во странство.

„Пред четири години ги засадивме првите насади со калинка, овошје кое е многу присутно и по кое е препознатлив југот на Македонија. Годинава одлучивме да инвестираме во технологија за производство на сок и да создадеме додадена вредност, бидејќи веруваме дека тоа е единствениот пат за раст и развој на земјоделскиот сектор.

Откупивме значителни колични калинка од локалните производители и се надеваме започнуваме една успешна бизнис приказна“, велат од компанијата Органик Нар.

Без адитиви и додатоци, Art Juice се произведува согласно највисоките стандарди за квалитет на ваков тип производи. Калинката е едно од најкорисните овошја, богато со витамини корисни за кардиоваскуларниот и нервниот систем. Со силното антиоксидативно дејство, ја подобрува состојбата на кожата, меморијата и функционирањето на целокупниот метаболизам.

Практичното bag in box пакување овозможува лесно и брзо конзумирање, но и долготрајност на сокот.

Специјалното пакување го штити Art Juice од надворешни влијанија и сокот ги задржува своите квалитативни својства како уникатниот освежувачки вкус и автентичната арома.

Компанијата Органик Нар во претстојниот период планира да ја прошири својата палета преку производство на природни сокови од различни видови овошје без користење конзерванси и адитиви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да ѝ помогнеме на Сања Живановиќ да се избори со инфламаторната болест

Редакција

(Фото) Промоција на мурал, книга, настап на Златните славејчиња: Одбележан роденденот на маестро Џамбазов

Редакција

Во моментот во Брисел се разгледуваат промените на Кривичниот законик, вели евроамбасадорот Гир

Редакција