еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Грција поплавена: Невремето ќе беснее уште два дена, затворени училиштата во Атина, Евија и Халкидики

Не постои сомнеж дека се соочуваме со опасна временска појава, рече министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција, Христос Стилијанидис во изјавата за невремето што ја зафати цела Грција, а предизвика поплави и сериозни проблеми во Атина, на Евија, на Крф и во други делови од земјата и додаде дека „пред нас имаме тешки два дена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Стилијанидис соопшти дека сите училишта во областа Атика, поширокиот дел на Атина, на Евија и Халкидики, утре, превентивно ќе бидат затворени, а доколку е потребно, вечерва може да се донесе одлука и за други делови на земјата.

Тој рече дека противпожарната служба на Грција, само во областа Атика примила над 385 повици за помош и упати апел до граѓаните да избегнуваат непотребни движења, нешто што беше побарано и преку порака испратена од бројот 112 за итни случаи, за кој Стилијанидис истакна дека во вакви ситуации е сојузник за предупредување на луѓето.

– Безбедноста на граѓаните е нашата прва грижа. Заштитата на човечкиот живот е наш прв приоритет. Ова е заедничка цел, рече Стилијанидис.

Силниот и обилен дожд и новото невреме „Балос“, предизвикаа сериозни проблеми во Атина, поплавени училишта, булевари, факултети, затворени улици и сообраќаен хаос.

МИА/Фото/видео: OPEN TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остануваат на сила актуелните мерки за влез во Грција

Редакција

Грчки експерти: Песокот и морето не се опасни за заразување со коронавирусот

Редакција

Брачен пар во Грција победи на суд: Ќе добива по 300 евра кога децата на комшиите ќе прават галама

Редакција