еМагазин
Image default
Балкан

Грчки експерти: Песокот и морето не се опасни за заразување со коронавирусот

Оваа година е толку безбедно да се легне на песок, колку што беше лани и преклани, но и пред десет години, вели професорката по морска микробиологија на Универзитет „Ејџиан“, Адамантиа Ефстратиу, додека пак професорката од Катедрата за океанографија и морска бионаука, од истиот Универзитет, Рања Ѕораки, истакнува дека дури и на плажа потребно е да се држи неопходното растојание, јави дописничката на МИА од Атина.

Двете професорки за радиото на грчката новинска агенција „Практорио фм“, говорат за Ковид-19 и веројатноста некој да се зарази додека е на плажа или во море.

За пливањето во море, професорката Ефстатиу објаснува дека важи истото она што важи и за било кој друг простор, но додава дека треба да се разгледа случајот што доколку некој е заразен, кашла, а се наоѓа на растојание помало од 1,5 метар.

Сепак истакнува дека од „морската вода нема да го закачиме коронавирусот за да се разболиме“.

Во однос на плажите објаснува дека поради сонцето и високите температури вирусот, дури и да се наоѓа на песокот не може да преживее.

Професорката Ѕорѕаки потенцира дека е важно сите да се придржуваат кон правилото за држење растојание, па дури и на плажа, а додава дека на организираните плажи со лежалки, за секое лице потребно е да има најмалку пет, а најдобро осум метри квадратни, за да се избегне близок контакт.

Во однос на поставувањето плексиглас меѓу лежалките како можно решение за заштита на плажа, професорката Ѕораки вели дека „тоа е идеја што може дури да биде и опасна“, особено за малите деца кои додека си играат може да се удрат, додека пак професорката Ефстратиу објаснува дека „сите тие планови за чудни конструкции на песок се претерани и немаат никаква врска со јавното здравје“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од коронавирусот во Шведска починале 3.000 лица

Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени од коронавирусот

Во среде дебата за избори, раст на бројот на заболени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција од денеска „Covid free“ простори

Редакција

Договорот од Преспа ратификуван во грчкиот Парламент со 153 гласа

Редакција

Во Црна Гора регистриран рекорден број на Ковид-19 случаи за 24 часа

Редакција