еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Седуммесечно бебе доби нова шанса за живот

Уште едно бебенце ја напушти нашата клиника по успешно завршената операција на срцето, информираат од Клиниката „Жан Митрев“.

„Овој наш мал пациент кој штотуку наполни 7 месеци беше следен од нашите лекари уште по самото негово раѓање. Уште тогаш, за прв пат беше хоспитализиран во нашата клиника по што беше утврдена комплексна срцева мана која изискуваше оперативен третман.

Во изминатите месеци бебето редовно се следеше се до сега кога нашите доктори одлучија дека е најдобро време да се реализира операцијата.

Пост оперативното опоравување одеше многу брзо. По неколку часа беше екстубирано од машината за дишење и не беа забележани никакви постоперативни компликации иако се работеше за комплексна срцева аномалија.

Целиот тим од Zan Mitrev Clinic и посакува успешно закрепнување, многу здравје и среќно детство. Тука сме да се гледаме на контролите а секако и за сите други предизвици кои животот може да ги приреди“, велат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Која меша подобро: Шакира и Џенифер Лопез направија спектакал на Супербол

Редакција

Декларацијата на СДСМ за Илинденското востание е навреда за македонскиот народ и држава, вели Мицкоски

Редакција

Каков имот пријавил Авдуљ Селам Селами, директорот на Бирото за метрологија, кој мислел дека метрологијата е наука за временската прогноза

Редакција