еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Илче кој беше примен на Детска клиника поради негрижа, заминува во мал групен дом

Приказната за 11-годишниот Илче од Охрид, кој боледува од церебрална парализа и беше напуштен до изнемоштеност и прегладнетост во неговиот дом, доби среќен крај. По 10 дена лекување на Детска клиника, тој оди во мал групен дом, бидејќи и неговата мајка има одреден вид на попреченост и не може соодветно да се грижи за него.

„Тој по десетина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него.

Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него,“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил.

Откако социјалните служби во Охрид затаија во однос на згрижување и помош на детето во соодветна институција, Филипче испрати возило на Итна медицинска помош, за да го згрижат на Клиника за да му се пружи содветна нега.

Приказната ја покренаа колегите од „Слободен печат“ по објавен статус на човек кој бил задолжен да се грижи за Илче, но поради неговата состојба, побара соодветна помош. И по објавувањето на приказната за Илче, иако ветија, социјалните служби не изреагираа веднаш за да му пружат помош на Илче.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот БДП во четвртото тримесечје лани пораснал за 0,9%

Редакција

На берзата продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 204.000 евра

Редакција

Веќе потрошени 120 милиони евра од планираниот годишен дефицит од 260 милиони евра

Редакција