На 18.04.2021 околу 15.05 часот во Полициската станица Аеродром биле приведени А.М.(20) и В.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на бул.„Јане Сандански“ и притоа немале документи за идентификација, информира МВР.
Потоа В.А. физички нападнала полициски службеник кој вршел службени дејства. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.