Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретнал со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.
„На средбата разговаравме за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажав на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници.
Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период,“ напиша Филипче на неговиот Фејсбук-профил.
Фото: Photo by Alin Luna on Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.