еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 68 пациенти, а вкупно се лекуваaт 689

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 689 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле  билe примени 3 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 286 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 53 болни,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спречен шверц на тон марихуана во Македонија

Редакција

Во Собранието почна „финалето“ на уставните измени: Неизвесно двотретинското мнозинство

Редакција

Нови рочишта за „Таргет – Тврдина“ и „Транспортер“

Редакција