еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Лани сме создале 913.033 тони отпад, од нив собрани само 630.086 тони

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Македонија во 2020 година изнесува 630.086 тони.

Споредено со 2019 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2020 година бележи намалување од 0.4%.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 170.660 тони или 27.1% од вкупното собрано количество во Македонија.

Од вкупното количество на собран комунален отпад, 522.954 тони или 83% се собрани од домаќинствата, а останатите 17% од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 525.745 тони или 83.4%, а најмало количество отпадот од гума – 1.005 тони или 0.2% од вкупното количество собран комунален отпад.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Македонија во 2020 година изнесува 913.033 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2020 година изнесува 452 кг по жител, што е за 1% помалку од истото количество во 2019 година.

Најголемото количество на собран комунален отпад (99.8 %) се исфрла на депонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Швајцарци ќе ни го решаваат проблемот со ѓубрето во Тетово

Редакција

„Телма“: „Еко клуб“ е фирмата која носела медицински отпад во „Дрисла“ и не постапила по процедури

Редакција

Сите детали за еколошките налепници за возилата: Трошокот ќе биде на товар на граѓаните

Редакција