Основниот Кривичен суд Скопје во однос на одредени медиумски натписи дека „Осомничено лице избегало од Кривичниот суд“, ја информира јавноста дека станува збор за настан што се случил надвор од Судот, а не во неговите просториите, за што е задолжена затворската полиција.
– Имено, се работи за обвинет кој бил спороведен во Судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти.
При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, појаснуваат од Кривичен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР го приведе лицето што утрово ѝ избега на затворската полиција пред Кривичен суд
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.