еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 924 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 924 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 129 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 81 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 92 болни, а во Куманово 101 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 24 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 101 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 56, а во Гевгелија 18 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.585 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски: Континуирано присуство на цивили во ковид центрите е свесно загрозување на јавното здравје

Редакција

(Видео+фото) Изгоре единственото противпожарно возило во Пехчево, каде што беснее пожар

Редакција

Автомобил удрил мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна, предупредуваат од НП „Маврово”

Редакција