еМагазин
Image default
Македонија

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Министерството за здравство информира дека утре во А1 арена спортски центар „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.

„Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби.

Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на Законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните.

Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура,“ се вели во соопштението.

Во А1 арена во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години.

Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација.

Министерството за здравство апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на vakcinacija.mk

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: 1.082 македонски граѓани сместени во државен карантин

Редакција

ЕК уверува дека работи со „светлосна брзина“ за финализирање на договорот со Фронтекс, кој не е потпишан оти Бугарија ги спореше зборовите “македонски јазик“ во текстот

Редакција

Во тек полициска акција во Грчец и Гази Баба

Редакција