Косово одби да го испорача Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во случајот „Монструм“, јавува „Алсат-М“ .
Во одлуката на Основниот суд во Приштина, Специјалното одделение го одби барањето на Министерството за правда врз основа на прелиминарната судска одлука со која беше одбиена екстрадиција.
„Барањето за екстрадиција се одбива од Специјалното обвинителство на Република Косово. Екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ од Република Косово во Република Северна Македонија не е дозволена, бидејќи барањето за екстрадиција беше одбиено со конечна судска одлука,“ се вели во одлуката на Основниот суд во Приштина.
Одлуката на Судот во Приштина се повикува на членот 50 од Поглавјето за основните права на Европската унија кој вели дека „никој не може да биде присилно осуден или повторно да биде осуден во кривична постапка за дело за кое тој или таа се веќе ослободени или осудени.“
Африм Исмаиловиќ избега во 2012 година, пред првата одлука на судот во Скопје за случајот „Монструм“. Со него во бегство е и Алил Демири. Иако беа ослободени од обвинението при враќање на случајот на повторно судење, двајцата одбија да се вратат во С. Македонија со изговор дека немаат доверба во судството.
Според последната судска одлука, Африм и Агим Исмаиловиќ, заедно со Алил Демири, беа осудени на доживотен затвор за тероризам.
Алсат-М