Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека вакцинирањето со кинеските вакцини „Синофарм“, кои се очекуваат да пристигнат на 28 април ќе започне на 4 мај, по Велигденските празници.
Според Филипче, поголема бројка на граѓани се очекува да се вакцинираат токму во мај со кинеските вакцини од кои се очекуваат 200.000 дози, а истиот месец се очекуваат и 26.000 дози на „Фајзер“.
На vakcinacija.mk, според Филипче, се пријавени 150.000 граѓани, а вакцинирањето ќе оди според возраста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иако до сега здравствените власти милува да кажат дека почнал процесот на масовна вакцинација, сепак засега сме далеку од таа констатација.
Колку всушност граѓани треба да се вакцинираат?
„Ако на 30 проценти со прележан имунитет, додадете уште толку, односно ако сме 2 милиони,
треба да се вакцинираат 600.000 лица, тогаш ќе бидеме поблиску до победа над епидемијата,“ вели директорот на Институтот за имунобиологија, Александар Петличковски.
Според Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, потребна е брза и масовна вакцинација, која што е клучна во процесот, но тоа зависи од достапноста на вакцините.
На неодамнешниот брифинг со новинарите, организиран од Лекарска комора, таа истакна дека државата е далеку од масовна имунизација, бидејќи клучно е вклучување на поголем број на вакцинални пунктови и број на вакцини.
Официјално вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 149.710. Но, оваа бројка не е конечна имајќи предвид дека голем дел прележале асимптоматски, или не биле тестирани.
Земајќи ја предвид оваа бројка, но и темпото на вакцинација според кое до сега се вакцинирани околу 40.000 граѓани, тогаш ние сме далеку од потребната бројка за вакцинирање со што би се избориле успешно со пандемијата.
Слободните проценки на експертите пак велат дека како резултат на прележани лица од Ковид-19, како целокупно население имаме имунитет од 30 до 40%.
Фото: МЗ