Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во гостување во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека на 18 април добил решение дека може и пратеници со Ковид-19 да дојдат на работа.
„Решението е потпишано од доктор Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Останувам на тоа дека не е направен никаков прекршок со доаѓањето на двајцата пратеници во скафандер во Собранието.
Пратеникот не одговара кривично за зборување во Собранието и за учество во Собранието, бидејќи тоа е уставна категорија. Токму затоа, пратеникот не може да биде попречен во своето работење, па дури и да е прогласена воена состојба,“ рече Џафери.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, поднесоа кривични пријави за Џафери и пратениците кои дојдоа во скафандери и гласаа во Собранието за законските измени со кои се овозможи парите кои беа наменети за помош на граѓаните и стопанството од петиот пакет да стигнат до нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кои се двајцата пратеници болни од Ковид-19 кои во скафандери гласаа во Собрание
(Фото) Двајца пратеници со Ковид-19 во Собранието гласаа во скафандери од кабина
Фото: Собрание