еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) Кои се двајцата пратеници болни од Ковид-19 кои во скафандери гласаа во Собрание

Лавина од различни реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика вчерашното доаѓање на двајца пратеници од мнозинството, заболени со Ковид-19, во македонското Собрание, за да гласат за петиот пакет економски мерки.

Тие стана топ тема и во регионов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Гласањето во скафандери во македонскиот Собрание хит во регионов: „Вирус е вирус, но кворум е закон“

Беќаровски: Замислете преку 20.000 лица да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица

Кои се пратениците кои дојдоа во Собрание во скафандер

Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ дојде во Собрание со амбулантно возило од Битола, од каде и е, на свој трошок, а дека доаѓа во Собрание, иако е болна од Ковид-19, најави самата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание

Таа како што стои во нејзината биографија објавена на сајтот на Собрание е доктор на наука за англиски јазик.

Вториот пратеник, заболен од Ковид-19, кој дојде во Собрание е Мирослав Богдановски од ДОМ.

Тој е магистар по економски науки и е од Скопје. Во Собрание дојде со сопствено возило.

Гласаа од посебни кабини

Пред да пристигнат во Собрание од СДСМ информираа дека тие ќе присуствуваат во законодавниот дом според сите здравствени протоколи.

Тие не беа присутни во салата со сите пратеници, туку со посебен лифт и по посебен протокол по ходниците беа спроведени во кабините.

Во Собрание беше уште една пратеничка, на која според СДСМ, завчера и завршила изолацијата.

На гласањете присуствуваше и пратеник со скршеница.

По кој протокол дојдоа во Собрание

Претседателот на Собранието, Талат Џафери од говорница објасни дека пратениците биле во Собрание според дополнет проткол од ноември, кој дозволува пратениците кои се во домашна самоизолација да го остварат своето право на гласање и да присуствуваат на собраниска седница.

Дилема во јавноста предизвика фактот што протоколот се однесува на пратеници во домашна самоизолација, а кои немаат симптоми на Ковид-19, како што е случајот со двајцата пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеничката Костадиновска која гласаше во скафандер порача: Се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишете дека ќе одам затвор, и дека „готова сум”

Фото: МИА/Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 48,88%

Редакција

Македонија дел од најголемата мултинационална воена вежба во Европа, „Defender Europe 23”

Редакција

Политичките лидери кај Пендаровски се договорија дека за Македонија нема друг пат, освен ЕУ

Редакција