Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, која е болна од Ковид-19 со скафандер отиде да гласа во Собрание.
„Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна Ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.
Позитивна сум на Ковид-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.
Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.
А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.
Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот“, напиша таа на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Присуството на пратеници со Ковид-19 во Собранието е според сите протоколи, велат од СДСМ
Денеска нов обид во Собранието да се донесе петтиот пакет антикризни мерки
Фото: Фејсбук/Костадиновска Стојчевска