еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако пратениците со Ковид-19 дојдат во Собрание ќе ги прекршат законите за заштита на јавното здравје, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се во Собранието и ќе обезбедат кворум за 36. седница за гласање на петтиот пакет мерки за помош на стопанството и граѓаните, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференцијата, што се одржа во пресрет на 36-тата седница, што претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за денеска, а на која треба да се изгласаат трите закони поврзани со петтиот пакет мерки.

Според Мицевски владејачкото мнозинство работи на штета на граѓаните и економијата во време на пандемија.

-Петтиот пакет мерки трпи поради тврдоглавоста на власта. Пакетот ќе беше изгласан уште во четвртокот доколку не беше инаетот на власта, а сега компаниите и граѓаните ќе ги имаа обезбедено средствата, рече Мицевски.

Според него Џафери и Зоран Заев намерно ги кочат мерките. Истакна дека петтиот пакет мерки поминал на Седница на Владата на 16 февруари, а во Собрание пристигнал на 19 февруари.

-Заев имаше кворум кога сам бараше доверба за Влада и можеше да ги изгласа мерките, но тој не го стори тоа. Заев сам ги кочи работите, а потоа ги обвинува другите дека ја кочат работата, додава пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика Џафери да ја започне 36-тата седница, со цел веднаш да се изгласа и парите да стигнат до граѓаните и стопанството.

Дополнително го повикаа претседателот на Собранието во иднина да организира ковид-седници на кои ќе бидат на ред точките и законските решенија поврзани со пандемијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што посочи Мицевски, „нема да дозволи да биде злоупотребена и да обезбеди кворум за Закони што не се во интерес на граѓаните, а служат на аферите на СДСМ и ДУИ“.

Мицевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дава поддршка само на законите поврзани со јавното здравје и финансии поврзани со пандемијата.

Во одговор на новинарското прашање поврзано со 32-та седница на која меѓу другите точки се наоѓа и Националната стратегија за справување со корупција, за која што Џафери инсистира да се одржи, Мицевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ја поддршува стратегијата.

-На седницата имавме 25 дискутанти кои дискутираа за подобрување на стратегијата и забелешките што ги имавме. Претседателката на комисијата одговараше на забелешките од пратениците и запиша одредени забелешки, што чекаме да бидат имплементирани.

Да, ја поддршуваме стратегијата и максимално ќе учествуваме во нејзината имплементација, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со најавата на една од пратеничките на СДСМ, која е позитивна на Ковид-19, дека со скафандер и целосна заштитна опрема ќе дојде на гласање во Собранието, Митревски рече дека постои законска регулатива, која важи за сите граѓани, во која што спаѓаат и пратениците.

-Очекувам дека нема да се осмелат да го загрозат здравјето и безбедноста на граѓаните, затоа што ние со денови баравме да се закаже оваа седница за економските мерки и оттогаш апелиравме да не се прави театар од ова, во оваа борба за медиумско внимание СДСМ и ДУИ на сметка на компаниите и граѓаните, кои не примиле помош, а и на сметка на здравјето на вработените во Собранието и пратениците.

Како да ги убедиме граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки, кога пратениците од СДСМ и ДУИ за да ги задоволат желбите на сопственото раководство експлицитно ги прекршуваат овие мерки и закони, кои важат во државата, рече Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Присуството на пратеници со Ковид-19 во Собранието е според сите протоколи, велат од СДСМ

(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание

Апасиев се заканува со кривична за биолошки тероризам, оти болната од Ковид-19 пратеничка отиде во Собрание да гласа

Денеска нов обид во Собранието да се донесе петтиот пакет антикризни мерки

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Боки 13 призна дека го нападнал попот Стојчев

Редакција

И Османи потврди дека деновиве се разменуваат ноти и документи помеѓу Македонија и Бугарија

Редакција

Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна: Повеќе од 4,4 милиони Украинци ја напуштиле земјата

Редакција