еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Османи потврди дека деновиве се разменуваат ноти и документи помеѓу Македонија и Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека претстојниот период треба да се искористи за враќање на довербата во Договорот за пријателство меѓу Северна Македонија и Бугарија, што би овозможило одржување на меѓувладината конференција со ЕУ во декември за време на германското претседателство.

Нерешавањето на ова прашање сега, според него, би оставило далекусежни последици по односите меѓу двете земји и врз можноста тоа да биде решено во иднина.

-Работиме сите со конкретни идеи, со конкретни предлози како да се надминат овие разлики со цел да се усогласи рамката како предуслов за одржување на правта меѓувладина конференција во декември, рече Османи на денешната прес-конференција, не сакајќи да навлегува во деталите за разговорите што се водат бидејќи, како што посочи, се уште се во форма на идеи и предлози за кои се уште нема согласност меѓу страните.

Недовербата, според него, е резултат или историски рецидив од минатото, а на нејзино отстранување не се работело ниту во последните 30 години на современа политичка реалност.

Прашањата, потенцира, се ставани под тепих и не се направени доволно напори за да се изгради доверба. Недовербата не е само меѓу политичарите, вели, туку и академиците историчарите …, а сето тоа се рефлектира со создавање недоверба и во јавноста. Таквата недоверба, вели, се пренесува и врз постигнатиот Договор.

Затоа решението и шансата, нагласува Османи, ја гледа во враќање на довербата во Договорот, тој е платформата и формулата за надминување на разликите.

-Република Бугарија имаше јасен став по однос на идентитетските прашања дека не ги спори и досега не сме имале појасна формулација од Бугарија дека не го спори идентитетот и јазикот на народите и граѓаните кои живеат во Република Северна Македонија. Мислам дека тоа е добра основа да се надогради на тоа целосната доверба меѓу нашите две држави, рече Османи.

Тој потенцира дека доколку не се реши ова прашање сега, тоа како што посочи на прес-конференцијата, може да има катастрофални последици по однос на односите, што далекусежно ќе влијае во можноста за решавање на разликите.

Затоа, рече министерот за надворешни работи, работиме да се искористат претстојните денови да ја вратиме довербата и да го вратиме процесот.

-Не сметаме дека решенија се нови договори туку начини на враќање на довербата во Доогоорт како формула за успех затоа што верувам во Договорот, веруваме во Договорот.

Да, можеби имаме различни очекувања, но Договорот успеа после толку децении да го скрши мразот и да ги подели тие траектории помеѓу историјата на историчарите и политиката на политичарите и да даде резултати и во едната и во другата земја.

Да, Договорот стана жртва на недоверба, но тоа не значи смена на Договорот, не значи нов договор, туку ајде како да го зацврстиме процесот, рече Османи.

Тој направи паралела со францускиото вето и барањето на нова методологија, која рече не побара во октомври укинување на преговорите, туку побара начин како да се врати довербата во процесот.

-Оттука сметам дека има начин како да се врати довербата во Договорт, а не во нов договор, дециден е Османи.

Тој потврди дека се разменуваат идеи, кои рече, некогаш се вербални, а некогаш пишани во форма на ноти и документи, кои се разменуваат меѓу двете држави како погледи за надминување на разликите. Но, се додека не постои барем начелна согласност во однос на различните погледи, тие се само идеи и предлози и не се предмет на суштински интерес.

-Дококу за кое било од овие ќе се стекне впечаток дека стануваат основа за усогласување се разбира дека ќе се комуницира јавноста. Но, за некои прашања имаме усогласено доста точки, рече шефот на дипломатијата.

По однос на списокот со забелешки на Бугарија во врска со имплементацијата на Договорот за добрососедство Османи појасни дека во делот на толкувањето заедничка или општа историја во основниот договор кој е потпишан и во англиската верзија на документот се работи за терминот „заедничка“ и тука нема дилеми.

За Меѓувладината комисија која е вториот инструмент од Договорот и под водство на МНР, таа прави просек на постигнувањата во текот на годината, оваа година, кажа Османи, таа треба да се одржи во Скопје, но појасни дека тоа неможело да се случи пред септември, бидејќи немаше ниту влада, беа избори и пандемија, додека после септември почнаа билатералните разговори со РБ, кои бараа некој исход за да можеме после да го конректизираме.

–Независно од тоа јас имам пратено покана до Р Бугарија дека ние сме спремни да ја свикаме таа меѓувладина комисија уште во месец декември во Скопје, бидејќи редот е на РС Македонија, рече Османи.

Потсети дека негова прва посета како министер за надворешни работи беше токму на Софија, за враќање на директната комуникација, а за забелешките во однос на малцинството, ние рече, немаме ниту уставно право ниту право кое што произлегува од Договорот да се мешаме во внатрешните прашања на Р Бугарија.

Министерот Османи подвлече дека имаме различни погледи по однос на историските контексти и основи за коишото се формирани комисии од кои очекуваме заеднички интерпретации врз основа на историските факти, но правото на самоопределување е право на суверените држави и тоа право според последните изјави Р Бугарија, нагласи, не го спори.

-Мислам дека треба да се поздрави фактот што како никогаш досега Р Бугарија јасно вели нема никаков спор по однос на идентитетските атрибути коишто произлегуваат од правото на самоопределување на секоја суверена држава.

Да, имаме различни погледи што било во минатото, ние велиме еве историчарите тоа нека зборат, тоа не е прашање на политичарите. Затоа во договорот се предвидува историчари и научници да ги разгледаат тие прашања и да не ги оптоваруваат прашањата на иднината.

И од тој аспект мислам дека враќањето на довербата во договорот е начинот за продолжување напред, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Нагласи уште еднаш дека е многу важно сега да се решат недоразбирањата со Бугарија, но ако не се решат, вели, напорите продолжуваат.

-Ние немаме план Б, немаме алтернатива,.. нема потежок и покомплексен процес од преговарачкиот процес, но затоа целта на крај ќе ги оправда сите напори што ги правиме како држава, порача Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Разликите се во нијанси по прашањето за Гоце Делчев

Заев: „Заменивме 20 табли на кои пишуваше бугарски фашистички окупатор – Бугарија не е фашизам, туку наш пријател“

Какви документи и понуди разменуваат Македонија и Бугарија?

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е во стабилна состојба

Редакција

Пат до Берлин со дваесетина билети за едно возење на ЈСП

Редакција

Операција „Бумеранг“: Боки 13 ќе му предаде на Абази над милион “бомби“

Редакција