еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Пат до Берлин со дваесетина билети за едно возење на ЈСП

Нема крај за нелогичните чекори на локалната власт и на јавните претпријатија како што е ЈСП-Скопје е незибежен заклучок по најавата дека во употреба е пуштен билетот за едно возење во градскиот јавен превоз и дека ќе чини ни помалку, ни повеќе, 50 денари.

„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните што ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто за сите оние што не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или со мобилен телефон“, соопштија од ЈСП.

Тоа што не кажаа е дека возењето со ваков билет е двојно поскапо отколку она со билет од 10 возење кој чини 250 денари.

Затоа, возењето со такси отколку со билет за едно возење е многу поисплатливо, посебно поради удобноста и брзината на услугата.

Во услови кога главен проблем во главниот град е загадувањето на воздухот со ваквата мерка повторно се одвратуваат граѓаните да користат јавен превоз.

Граѓаните кои почесто патуваат со авион знаат дека со навремено планирање можат да отпатуваат до некоја од европските престолнини за дваесетина евра.

Така лет до Берлин на 2 април годинава чини 1.229 денари или околу 24 билети за едно возење со ЈСП.

Ако се земе предвид дека од Скопје до Берлин има растојание од 1.677 километри, а со еден билет во скопскиот градски превоз можат да се поминат најмногу десетина километри, станува кристално јасно дека очигледна е намерата на ЈСП да се „дерат“ граѓаните кои имаат потреба од само едно возење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чини 50 денари: Пуштен во употреба билетот за едно возење во автобусите на ЈСП 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Боите кои го прават Пелистер едно од најубавите места на светот

Редакција

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите во Македонија

Редакција

Столтенберг по одлуката на Русија за анексија на украинските региони: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната

Редакција