еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Двајца пратеници со Ковид-19 во Собранието гласаа во скафандери од кабина

Голема врева се крена во Собранието за денешното гласање за законите од петтиот пакет економски мерки, откако во законодавниот дом пристигнаа двајца пратеници од мнозинството, болни од Ковид-19, облечени во скафандери, за да гласат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алелуја: Пратениците од мнозинството и опозицијата едногласно ги донесоа законите од петтиот пакет економски мерки

(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание

Тие гласаа од кабини во салата на Собранието.

Претходно од СДСМ информираа дека пратениците кои се болни од Ковид-19 ќе присуствуваат во Собранието според сите здравствени протоколи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Присуството на пратеници со Ковид-19 во Собранието е според сите протоколи, велат од СДСМ

Ако пратениците со Ковид-19 дојдат во Собрание ќе ги прекршат законите за заштита на јавното здравје, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Тие не беа присутни во салата со сите пратеници, туку со посебен лифт и по посебен протокол по ходниците беа спроведени во кабините.

На една пратеничка, пак, според СДСМ, вчера и завршила изолацијата.

На денешното гласање присуствуваше и пратеник со скршеница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев се заканува со кривична за биолошки тероризам, оти болната од Ковид-19 пратеничка отиде во Собрание да гласа

Фото: МИА/МРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет нови случаи на Ковид-19 од 1.749 тестирани, бројката на активни е 183

Редакција

ТАВ Македонија потврди дека „easyJet“ влегува на македонскиот пазар со авиолинија од Женева до Скопје

Редакција

Пријави лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201

Редакција