Од 20 до 05 часот констатирано е дека 35 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 513 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.