еМагазин
Image default
Локално

Полицијата затекла велешанец како краде автомобил и го привела

Полициски службеници од СВР Велес вчера утрото во 4.30 часот го лишиле од слобода Б.А.(47) од Велес, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во патничко возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 и член 206 од Кривичниот законик.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Само во Македонија: Надгробна плоча стана „декор“ на улица во Ѓорче Петров

Редакција

Приведени двајца Турци кои неовластено се движеле во кругот на Министерството за одбрана

Редакција

Тројца работници од Турција повредени при изградба на патот Кичево-Охрид

Редакција