еМагазин
Image default
Локално

Кумановската болница нуди бесплатна психолошка поддршка за заболените од Ковид-19

Психолошката служба од Општата болница Куманово, почнува со кампања за бесплатна психосоцијална помош и поддршка за заболените ковид пациенти, соопштија денеска надлежните од здравствената установа.

Заинтересираните кои имаат потреба од разговор со психолог можат да остават податоци во порака (име, презиме и телефон контакт) на Фејсбук профилот на болницата на кои ќе бидат контактирани секој работен ден 12 до 15 часот. Услугата ќе биде бесплатна.

– Статистичките податоци укажуваат присуство на психоемоционални проблеми кај голем дел од заболените и прележани ковид пациенти. Кампањата која е поддржана од менаџерскиот тим на болницата конкретно е насочена исклучиво кон болните пациенти и оние кои прележале и има за цел да им ја олесни психичката напнатост, изјави м-р Билјана Ивановска, лиценциран психолог од ЈЗУ општа Болница Куманово.

Овие пациенти, додаде, често се соочуваат со панични напади, анксиозност, страв од неизвесност, несигурност за иднината, можни компликации од болеста. Често се жалат дека не можат да дишат, да дојдат до воздух, имаат срцебиење. Од болницата појаснуваат дека сè поголема е бројката на лица кои имаат вакви проблеми, непосредно по поминување на болеста.

– Многу е важно пријателите, роднините да ги контактираат заболените, да поразговараат користејќи ги социјалните мрежи, телефонски јавувања. Би апелирала граѓаните, пациентите да се информираат преку релевантни извори на информации, страната на Министерството за здравство и да нè подлегнуваат на лажните информации, рече Ивановска.

Психијатриската и психолошката служба, нагласи, и понатаму остануваат достапни за сите пациенти преку „Мој термин“ и сите пациенти можат да побараат помош.

МИА/Фото: Фејсбук-Општа болница-Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец нападнат по расправија околу предност во сообраќајот

Редакција

Скопјанка каменувана од соседот

Редакција

Уапсен скопјанецот кој си ја уби бабата

Редакција