еМагазин
Image default
Бизнис

„Гересхајмер“ отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места

Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ја отвори фабриката во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.

Станува збор за инвестиција од областа на фармацевтската и здравствената индустрија во минимална вредност од 25 милиони евра во која треба да се вработат 400 лица.

-Поради ковид кризата изгубивме само околу половина година. Ве уверувам дека во следните два до три месеци ќе имаме значајно производство тука, рече Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“.

Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра.

Делегација на „Гересхајмер“, вчера на средба во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.

„Гересхајмер“ е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика со годишен обрт од 1,5 милијарда евра.

Како што истакна Бургел, до 2028 година планираат годишниот обрт да изнесува 3,5 милијарди евра.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП „Градски паркинг“ Скопје во првото полугодие со добивка од 11,1 милиони денари

Редакција

Собранието на Република Македонија вработува 11 лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Владината одлука за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Редакција