Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека варијанта на коронавирусот, наречена Б.1.617, за која се верува дека го забрзала ширењето на епидемијата во Индија, е откриена во повеќе од 1.200 секвенци примероци тестирани во најмалку 17 земји.
„Повеќето секвенци се од Индија, Велика Британија, САД и Сингапур“, соопшти денеска СЗО, откако неодамна ја евидентираше варијантата Б.1.617, која вклучува неколку субваријанти со делумно различни мутации и карактеристики.
Оваа варијанта на коронавирусот сè уште не е прогласена за „загрижувачка“, што би индицирало дека е поопасна од оригиналната варијанта на коронавирусот во однос на брзината на ширење, причината за смртта или отпорноста на вакцината.
Сепак, СЗО призна дека прелиминарните анализи покажуваат дека „Б.1.617 има побрза стапка на ширење од другите варијанти во Индија, што сугерира потенцијално поголема заразност“, истакнувајќи дека другите варијанти на коронавирусот во циркулација во Индија покажуваат знаци на поголема стапка на зараза.
Според проценките, оваа комбинација може да има улога во сегашниот бран на епидемијата, за што студиите покажуваат дека ширењето на вирусот е многу побрзо отколку за време на првиот бран.
МИА