еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени болни, ниту на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 195 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 19 болни.

Вкупно 473 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 280 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, информираат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се очекуваат уште 200 респиратори за дишење од Кина, нови 50 ќе стигнат неделава

Редакција

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби две нови обвинителки

Редакција

Лекарска комора: Насилството во здравството е многу почеста појава отколку што се зборува за неа

Редакција