еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми.

На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 176 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 18 болни.

Вкупно 465 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 291 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, соопшти Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Не е точно дека над 400 лекари се иселиле од земјава

Редакција

Караџовски вели дека бил во Обвинителството поради службени обврски, но не кажа во врска со што

Редакција

Откако ги заклучи пратениците, од Кабинетот на Џафери тврдат дека не го прекршил Деловникот

Редакција