еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

По 27 години брак: Се разведува Бил Гејтс

Една од главните вести во светот денеска е информацијата дека по 27 години брак се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс.

Двајцата на социјалните мрежи соопштија дека се разведуваат, но дека ќе продолжат да работат заедно во фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите добротворни фондации во светот.

„Воспитавме три неверојатни деца и изградивме Фондација што работи низ целиот свет за да им овозможиме на сите луѓе да водат здрав и продуктивен живот.

Бараме простор и приватност за нашето семејство додека почнуваме да се движиме низ овој нов живот“, велат тие во изјавата и додаваат:

“По многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да му ставиме крај на нашиот брак… Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме заедно како двојка во следната фаза од нашите животи“, соопштија тие.

Тие имаат три деца – Џенифер, Фиби и Рори Гејтс.

Фото: Фејсбук/Гејтс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Состојбата во Западен Балкан е многу сериозна

Редакција

Розов пикник за подигање на свеста за борба против ракот на дојка, во сабота во Градски парк

Редакција

„Макпетрол“ организира работилница за родители против врсничко насилство во Крива Паланка

Редакција