еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Заев Гоце Делчев е македонски, за Борисов голем бугарски револуционер и македонски војвода

Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, напиша денеска македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук по повод 118 години од смртта на македонскиот револуционер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) 118 години од смртта на Гоце Делчев: На која жена и го подарил срцето

„Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава.

Секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден кога се сеќаваме на неговата погибија пред 118 години, се поклонуваме пред и за Гоце Делчев, во име на реализацијата на неговиот завет до идните поколенија да го остварат неговото и делото на плејадата македонски револуционерни дејци за формирање македонска држава која ќе биде рамноправна во културниот натпревар на народите“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот амбасадор положи венец на гробот на „бугарскиот“ револуционер Гоце Делчев

На Фејсбук за истиот повод се огласи и поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов.

„Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одрин.

Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Нека неговата жртва биде пример за тоа како, час поскоро, да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина“, напиша Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија“: Најпознатите цитати на Гоце Делчев

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Заев откри злоупотреби: Лекари издавале фиктивни рецепти, а со лековите се тргувало

Редакција

Од 1. јули следната година целосна забрана за пластични и оксобиоразградливи кеси

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Ел те инженеринг Горан и др.„ вреден 398,5 илјади евра

Редакција