еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

(Фото) 118 години од смртта на Гоце Делчев: На која жена и го подарил срцето

Македонија денеска одбележува 118 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода, Гоце Делчев.

Делчев беше убиен на денешен ден во 1903 година од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Во рубриката Ретро на еМагазин овој пат Ви пренесуваме приказна за неговиот приватен живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија“: Најпознатите цитати на Гоце Делчев

На која жена и го подарил срцето

На почетокот на 20 век, кога македонското револуционерно движење за ослободување на нашата земја од Османлиите доживувало зенит, нашите револуционери освен љубовта кон татковината, нормално, наоѓале време и за девојки.

Историјата нуди писма и фотографии од кои може да се види каков бил љубовниот живот на повеќе македонски војводи, но кога станува збор за нашиот најголем револуционер Гоце Делчев до денеска останува неразјаснета дилемата која била големата љубов на овој наш великан.

Јана од Охрид или пак Мика од Штип се споменуваат како избранички на војводата, но до денес историчарите не можат да дадат прецизен одговор која од нив била неговата љубов.

Внуката на Делчев, Катерина, раскажуваше дека поседува прстен кој Гоце Делчев го подарил на учителката од Штип по име Марија.

“Гоце многу ја сакал таа девојка. Тие имале сериозна врска, но тоа била платонска љубов. Мика, што е прекар од Марија, била одлична ученичка. Нејзините родители, според кажувањето, починале, и неа ја исчувало друго семејство. Таа знаела дека е посвоена, зашто имала цел ковчег со лични работи од нејзината родена мајка.

При една посета на Гоце кај нив дома, Мика му дала на Гоце ѓердан со златници кој и го оставила мајка и. Тој не сакал да го земе, рекол дека е спомен од нејзините мајка и татко и дека треба да си го чува. Но Мика инсистирала да го земе“, вели Катерина.

Според други кажувања, пак, љубовта на Гоце Делчев била Jана Каневчева, родум од Охрид.
Таа секогаш знаела каде е Гоце.

Кон крајот на 1902 година, кога по којзнае којпат се проширил глас дека Делчев е убиен, таа со растреперено срце го пречекала во својот дом. По божиќните празници пред да замине повторно во Македонија, Јана го изненадила со убав божикен подарок – срмен џемпер во кој бил облечен кобното утро. Тоа била нивната последна средба.

Се раскажува дека Делчев на својот пријател Михаил Герџиков му оставил аманет да ја чува Јана и му дал благослов во случај да се родат некакви чувства меѓу него и Јанка.

По загинувањето на војводата, Герџиков го исполнува аманетот и се жени со Јана, а подоцна добиваат и ќерка Магдаленка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации

Редакција

(Фото) Патничките возови се дезинфицираат за заштита од коронавирус

Редакција

„Цементарница УСЈЕ“ ја купи „ИД Компани“

Редакција