еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиен скопјанецот Камер Идризи, а негов роднина се бори за живот на Клиника по синоќешното пукање во Бутел

Едно лице е убиено во синоќешната престрелка што се случила во скопската населба Бутел.

Од МВР повеќе детали најавуваат за во текот на денов.

Како што информираат од МВР, во СВР Скопје синоќа околу 22:00 часот било пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило „голф”, во кое имало две лица, кои биле пренесени во комплекс Клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.

Од страна на лекар кај едното лице била констатирана смрт.

Увидна екипа веднаш излегла на терен и работи на расчистување на случајот.

Неофицијално, синоќа при пукање во Бутел, убиен е Камер Идризи (42), а негов роднина се бори за живот.

Автомобилот во кој се наоѓале двајцата бил изрешетан.

Идризи починал на лице место, а неговиот роднина бил пренесен на Клиника.

Идризи и стана познат на пошироката јавност во 2019 година, кога неколку маскирани лица испукаа десетици куршуми кон него во хотелот Александар Палас во Скопје.

Фото: Фејсбук/Идризи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумдневен притвор за двајцата штипјани кои тепаа девојка

Редакција

Проф. Трајковски: Бранот е во тек во Куманово, започнува во Скопје, следно е Кавадарци, ни Гевгелија нема да биде поштедена

Редакција

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат

Редакција