еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска почнува новото судење за масовното прислушување, Сашо Мијалков повторно во обвинителна клупа

Во Основниот кривичен суд во Скопје почнува повтореното судење за најголемиот предмет за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, пренесува Мета.

Од затворот во Струга во судот ќе биде донесен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Пред два месеца беше укината пресудата во која Мијалков беше осуден на 12 години затвор, а новото судење започнува денеска и продолжува утре, кога обвинетите треба да се произнесат дали чувствуваат вина.

Апелацискиот суд во образложението за укинување на пресудата, меѓу другото, наведе дека во првостепената пресуда немало опис на кривичните дела за кои Мијалков и останатите обвинети се прогласени за виновни. Апелацискиот суд бараше точно да се утврди колку лица биле прислушувани, преку кои уреди и во кој период.

За предметот во Апелацискиот суд се одлучуваше две години, а судењето во Кривичниот суд траеше три. Ова значи дека вкупно пет години предметот „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во судските инстанци. Тој застарува во 2025 година.

Претседателот на судот Иван Џолев минатата недела најави дека поради опасноста предметот за застари, со судијата веќе е договорено процесот да се интензивира.

За „Таргет-Тврдина“ обвинети се и двајцата бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, на кои им се суди во отсуство. Меѓу обвинетите е и шефот на кабинетот на Мијалков, и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која со првата пресуда беше осудена на 4 години затвор.

Мета/фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца затвореници избегаа од Идризово, полицијата ги фати

Редакција

Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

Редакција

Одложена екстрадицијата на Асанж од Британија во САД

Редакција