еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Одложена екстрадицијата на Асанж од Британија во САД

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој во САД е обвинет за шпионажа, засега останува во Велика Британија.

Високиот суд во Лондон одлучи да му даде право на Асанж повторно да се жали на одлуката за екстрадиција, освен ако американските власти не обезбедат дополнителни гаранции за тоа што ќе се случи со него откако ќе биде екстрадиран.

Судењето за случајот на Асанж трае повеќе од десет години.

Тој е обвинет за 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер за објавување доверливи американски документи на неговата веб-страница Викиликс пред околу 15 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи актив“ го доби тендерот на „Водовод Битола“ за набавка на струја вреден 224.000 евра

Редакција

Гласањето за Договорот од Преспа во грчкиот парламент одложено за утре

Редакција

Осигуренци за еден месец наплатиле 9 милиони евра од штети покриени со осигурување

Редакција