еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нордвинд го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје

Нордвинд ерлајнс го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје кои беа најавени како нова рута во летниот распоред на летови на авиокомпанијата.

Како што Нордвинд претходно најави, летовите требаше да почнат на 21-ви мај, но, поради епидемиолошката состојба, авиокомпанијата е принудена да ги одложи директните закажани летови, стои во известувањето од авиокомпанијата.

Од Нордвинд најавуваат дека информации за отворањето на летовите Москва – Скопје ќе бидат дадени од страна на авиокомпанијата дополнително.

Претходно, Нордвинд објави отворање на нова редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, еднаш неделно, почнувајќи од 21-ви мај, со што рутата беше и соодветно испланирана во летниот ред на летање на ТАВ Македонија за Меѓународниот Аеродром Скопје, со термин секој петок попладне, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија, Финска и Хонг Конг со нови ковид-протоколи за македонските граѓани

Редакција

Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Редакција

Почна да се гради маркетот на Лидл во Кавадарци, треба да биде завршен за 8 месеци

Редакција