еМагазин
Image default
Бизнис

Марика Караџова избрана за генерален директор на Европа, Марија Каранфиловиќ за претседател на Одборот на директори

Акционерско друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони Европа Скопје преку Македонската берза информира дека на конститутивната седница на Одбор на директори, за претседател на Одборот е избрана Марија Каранфиловиќ, а за извршен член Марика Караџова.

За генерален директор на друштвото е избрана Марика Караџова.

„Согласно член 34 став 1 алинеја 6 од Правилата за котација, АД Европа Скопје известува дека од избраните членови во Одборот на директори, акции во друштвото поседува само Есамедин Хасани и тоа 20.963 обични акции или 8.2% од вкупниот број на акции.

Останатите членови не поседуваат акции во друштвото“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа ќе дели дивиденда од 60 денари бруто по акција

На членовите на Одборот на директори на Европа лани исплатени 2 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Андреја Јосифовски на 45. место на листата на најбогатите во регионот

Редакција

По намерата за преземање од Орка холдинг, Жито Полог ставен на „Листата за набљудување“ на Берзата

Редакција

АТС Груп изложувач на престижниот Саем за одбранбена индустрија во САД

Редакција