еМагазин
Image default
Македонија

Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер”

Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 5.850 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), објави на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, посочува министерот, ја координира Австрија.

-Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на vakcinacija.mk, напиша Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот се врати во Дебар, нов случај по педесетина дена

Редакција

Планирам средба со иницијаторите на бугарските клубови, за да видам која е нивната цел, вели Османи

Редакција

Министерство за здравство: Состојбата е критична, граѓаните да им помогнат на здравствените работници во битката со Ковид-19

Редакција