еМагазин
Image default
Балкан

Грците кои прележале Ковид-19 ќе се вакцинират само со една доза

Лицата кои прележале Ковид-19, во Грција ќе бидат вакцинирани само со една доза од вакцината и тоа во период од шест до 12 месеци по заразувањето, соопшти претседателка на Националната комисија за вакцинација, Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на процесот на имунизација во земјата, гнералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус, рече дека вчера надминале пет милиони вакцинации од кои над три милиони се однесуваат на првата, а останатите на втората доза.

Во Грција, со првата доза вакцинирано е 31 отсто од населението, а 17,2 проценти се целосно имунизирани.

Најголем дел од вакцинираните во Грција се со вакцината на Фајзер (2.100.000), потоа следат со вакцината на АстраЗенека (740.000 граѓани), со Модерна (307.000) и над 80.000 лица со Џонсон и Џонсон.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово

Редакција

(ВИДЕО) Како сограѓаните на Балашевиќ во Нови Сад се простија од него: „Словенска“ во еден глас

Редакција

Притвор од 30 дена за таткото на момчето кое уби осум ученици во училиште и чувар

Редакција