Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 3 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.
“Вкупно 100 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48 пациенти.
Вкупно 100 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.
Фото: МЗ