еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 149 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 17 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 24 пациенти, во Прилеп 9, во ковид центарот во Гостивар 1, а во Струга 10 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 3 во Кичево 7, Кавадарци 3, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 249 и има околу 538 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од градинка во Велес украдена сета храна наменета за оброци на 1.260 деца

Редакција

Таравари мандатот го започна со разрешување на економските директори

Редакција

Здравствен центар Врање: Одобрено е давање трета бустер доза на вакцина за македонските државјани

Редакција