Папата Франциск, кој вчера од македонскиот претседател Стево Пендаровски доби дрес од македонската фудбалска репрезентација со неговото име на кирилица, ќе се моли за нашите фудбалери на престојното Европско првенство во фудбал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски побара од Папата со неговите молитви да им помогне на македонските фудбалери да станат европски шампиони.
„Знам дека сте голем фан на фудбал. За 19 дена стартува Европското првенство и знаеме дека Аргентина нема да учествува и немате за кого да навивате. Ако учествуваше Аргентина, ќе победевте.
Ние како земја за првпат се пласиравме на Европско првенство и сега Ви го предавам првиот официјален дрес… Да навивате за нас, да се помолите за нас барем да станеме европски шампиони“, му кажа Пендаровски на Папата.
„Ќе се молам за вас со сето срце“, му одговори Папата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/видео: Кабинет на претседателот