еМагазин
Image default
Свет

Данската и помагала на американската тајна служба во шпионирање на Меркел

„Денмаркс“ радио објави дека Тајната служба на Данска ѝ помагала на американската Национална агенција за безбедност (НСА) во шпионирањето на европски политичари, вклучително и на германската канцеларка Ангела Меркел.

Шпионирањето се случувало во периодот од 2012 до 2014 година.

НСА, наводно имала пристап до СМС-пораките и телефонските разговори на истакнати лица од Европа на тој начин што во соработка со данската тајна служба се поврзала со данските интернет-кабли.

Данското радио направило интервјуа со девет извори за кои се тврди дека имале пристап до класифицираните информации на тајната служба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саудиска Арабија го забрани аџилакот во Мека поради коронавирусот

Редакција

Од 1 октомври ковид-пасошот задолжителен и во Ватикан

Редакција

Четиридневна работна седмица можно е прво да стартува во Шпанија

Редакција