еМагазин
Image default
Локално

Тело на давеник пронајдено кај Поликастро во Грција се претпоставува дека е на исчезнат гевгеличанец

Основното јавно обвинителство во Гевгелија денеска информира дека пред три недели од страна на Интерпол било добиено известување дека во водите на реката Вардар кај градот Поликастро во Грција било пронајдено тело на давеник за кое се претпоставило дека е можно да му припаѓа на гевгеличанецот Илија Минов (59), кој пред два месеци од своите блиски беше пријавен за исчезнат.

Веднаш по дојавата, неговата сопруга заминала за Солун каде по извршениот увид препознала делови од облеката и обувките кои му припаѓале на нејзиниот сопруг, исчезнатиот инспектор од гевгелиски УЈП, Илија Минов по кого претходно нашите надлежни служби со сите раположиви средства трагаа повеќе од еден месец без резултат.

Од Основното јавно обвинителство во Гевгелија информираа дека според меѓународните протоколи било потребно преку нашето Министерство за правда да се направи споредбена ДНК анализа која со сигурност може да потврди дека се работи за телото на исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 15 часот вакцинирани вкупно 939 деца со МРП вакцина

Редакција

Во престрелка со полицијата, во Гајре убиен осомничен баран со потерница за убиство

Редакција

Лазарева сабота: Во Дебар нема кој да ја продолжи традицијата на „лазарки“

Редакција