еМагазин
Image default
Македонија

Летото се надеваме ќе биде мирно, но не може никој точно да каже бидејќи вирусот мутира, вели Филипче

За епидемиолошката слика, министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека никој во светот не може да предвиди што точно ќе се случува со вирусот, бидејќи тој во некои држави веќе е мутиран во повирулентен.

„Може да се случи мутација која е позаразна од претходнте соеви и тоа се случува во светот. Со тоа што, сега вакцините спречуваат од тешка форма на болеста и смртен исход.

Нашата проценка, со резерва, е следните два месеци за време на летото епидемиолошката слика да биде мирна. Сепак граѓаните треба да ги почитуваат мерките, посебно носењето на маски кога има поголемо групно собирање. Засега, нема знаци на влошување на состојбата,“ оцени Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче договара со Лончар, ревакцинирањето на македонските граѓани да биде во Ниш или Врање

Само 1.000 граѓани се пријавиле на сајтот за ревакцинација, кои првата доза ја примиле во другите држави

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитриевска поднесе претставка за судиката кој пресуди за сообраќајката кај “Млечен“, ќе следува и за обвинителката

Редакција

Нема потреба од протести, подготвен сум да реферирам пред пратениците, вели министерот Османи

Редакција

Единствен начин да се намали бројот на реинфекции е вакцинацијата против Ковид-19, вклучително третата доза, препорачува Петличковски

Редакција