Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.
За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивне плажи и локации на источниот брег на Охридското Езеро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за напојување со електрична енергија.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески неодамна најави дрка ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от.
МИА/Фото: ohridnews.com/видео: Куба либре/Фејсбук