Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани двајца нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 43 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ 8 Септември.
Немало приеми ниту на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 3 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ