Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 34 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Еден пациент е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември во текот на вчерашниот ден немало приеми.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 13 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 19,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.