еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Џамбаски не престанува со провокациите: Заев заборава дека Македонија е бугарска, се потсетува кога бара нешто

По посетата на македонската делегација на Софија, европратеникот и потпретседател на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, објави провокативно видео со кое го повторува ставот дека Македонија е бугарска.

„Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И се потсетува само кога ќе побара нешто.

Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата“, пишува Џамбаски на Твитер.

Во видеото кое е дел од предизборната кампања на ВМРО-БНД се вели дека Бугарија секогаш ја сакала Македонија, но не бивало Бугарија да биде изнудувана. Заедно со видеото упатени се и неколку политички пораки под кои се потпишани Бугарските патриоти – ВМРО, Волја и НФСБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов навивал за Македонија во фудбал, бидејќи била репрезентација на „другата бугарска држава“

Фото: Фејсбук/Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Време е да се преселите во Русија, зимата доаѓа“: Контроверзна кампања хит на социјалните мрежи

Редакција

Османи сам одлучил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

Редакција

(Фото) Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев и полицаецот Миленковски спасиле човечки живот

Редакција